36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Потресен говор на режисерот Винтерберг на доделувањето на Оскарите: 4 дена пред снимањето се случила голема трагедија

Најчитани вести

Данскиот режисер Томас Винтерберг го посветил освоениот Оскар за најдобар интернационален филм на својата трагично почината ќерка Ида, која настрадала во сообраќајна несреќа само 4 дена пред почетокот на снимањето на филмот.

19-годишната Ида загинала кога возачот кој за време на возењето пишувал пораки на својот телефон, се удрил во автомобилот кој го возела сопругата на Томас, Хелена.

„Сакавме да направиме филм кој го слави животот, а 4 дена пред почетокот на снимањето се случи невозможното“, го започнал Винтерберг својот емотивен говор.

„Сообраќајна несреќа ја однесе мојата ќерка. Некој гледал во телефонот. Нѝ недостасува и ја сакаме. Два месеци пред почетокот на снимањето и два месеци пред да загине, таа беше во Африка… Ми испрати писмо, го прочитала сценариото и беше многу возбудена. Го обожуваше овој филм… Требаше да биде дел од ова“, изјавил режисерот.

Во еден момент тој не можел да ги сокрие солзите.

„На крајот го снимивме овој филм, во нејзин спомен. Ида, ова е чудо кое штотуку се случи и ти си дел од тоа чудо. Можеби од некаде влечеше некои конци, не знам, но ова е за тебе“, ѝ се обратил Томас на починатата ќерка и додал:

„Ако некој се осуди да верува дека таа некако е сега со нас, ќе можете да ја видите како аплаудира и се радува“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести