11 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Потпретседателот на Барса излезе со прва конкретна изјава за сензационалното враќање на Нејмар

Најчитани вести

Жорди Кардонер се појави пред новинарите во Барселона откако клубот денеска го официјализираше ангажманот на Нето Мурара од Валенсија, а со оглед на тоа што во изминативе две недели топ тема во Шпанија е најавеното враќање на Нејмар на „Камп Ноу“, денеска ја слушнавме и првата конкретна изјава од еден важен член на шпанскиот шампион.

Потпретседателот на Барса потврди дека Нејмар навистина сака да се врати во клубот кој му даде шанса да се докаже во Европа, но исто така нагласи дека оваа операција нема да биде баш лесна поради лошиот начин кој самиот фудбалер го избра за заминување пред две години.

– Не е прав момент да зборуваме за нови играчи, сега сме во процес кога треба да продаваме играчи. До крајот на овој месец сакаме да се збогуваме со играчите кои не се во планот на тренерот. Што се однесува до Нејмар, вистината е дека тој сака да се врати во Барселона, но Барса не постигнала никаков договор за негов ангажман. Оваа тема се уште не е почната. Има многу работи што не ми се допаднаа околу неговото заминување, има многу работи кои треба да се средат, мора да се промени сценариото. Има неточни коментари дека веќе сме го договориле Нејмар. Никој не е купен. Тој е само еден од многумината кои сакаат да се вратат во Барселона. Претходно тоа се случи со Фабрегас и Пике, – порача Кардонер.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести