10.2 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Потпретседателката на францускиот Сенат во Скопје на средба со Џафери

Најчитани вести

Потпретседателката на Сенатот на Франција, Елен Конве-Муре, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Таа во Скоје ќе има средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со преставниици на собраниските тела и на пратеничките групи.

Во соопштение од Амбасадата на Франција се наведува дека „посетата Конве-Муре го одразува јакнењето на француско-македонските парламентарни размени во перспектива на европскиот пат на земјата кој останува сосема актуелен. Оваа посета, што се реализира во рамките на Француската стратегија за Западен Балкан ги реафирмира односите на доверба и пријателство помеѓу францускиот Сенат и македонското Собрание, како и кон граѓаните во целина“, се нагласува во соопштението.

Сенаторката Конве-Муре која учествуваше во изготвувањето на Предлог-законот за ратификување на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, што минатиот месец во прво читање помина во Сенатот на Франција и се очекува наскоро да биде усвоен во Националното собрание, ќе се сретне и со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, со пратеничката група за соработка со францускиот Парламент и со претседателите на собраниските комисии за одбрана и безбсност, за надворешни работи и за европски прашања.

Предвидено е за време на нејзината дводневна посета на земјава да се одржи и конференција во Дипломатската академија на МНР на која ќе се расправа за еволуцијата на европската одбрана.

Конве-Муре ќе ги посети Француските воени гробишта во Скопје, како и Спомен-куќата и музеј која беше свечено отворена во мај 2018 година, за да им оддаде почит на 3000 војници кои почиваат таму.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com