0 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Потпишување на “Меморандум за разбирање” помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој

Најчитани вести

Потпишување на “Меморандум за разбирање” помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развојДенес, 26.01.2021 година, директорот на Бирото за регионален развој (БРР) г-дин Рамиз Реџепи потпиша “Меморандум за разбирање” со г-ѓа Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Бирото за регионален развој како главна институција, имплементатор на политиката за рамномерен регионален развој во земјата се стреми кон намалување на диспаритетите помеѓу и во рамките на самите региони преку подобрување на благосостојбата и животниот стандард во истите, почнувајќи од урбаните па сѐ до руралните подрачја, како и да го подобри нивниот придонес кон националната успешност и поинклузивното општество.

БРР и УНДП го потпишуваат овој Меморандум, имајќи предвид дека делат слична мисија, со цел интензивирање на досегашната соработка во областите од заеднички интерес како и подобрување на ефективноста на своите развојни напори.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести