Home » Потпишан меморандум за директна соработка помеѓу АНБ и Министерството за правда

Потпишан меморандум за директна соработка помеѓу АНБ и Министерството за правда

by Журнал.мк

Министерот за правда, Кренар Лога и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски, потпишаа меморандум за директна соработка помеѓу АНБ и Министерството за правда, со цел заштита на националната безбедност на државата.

Со овој Меморандум за соработка се утврдуваат податоците, информациите и искуствата што ќе се разменуваат и се уредува начинот и постапката на размена на податоците и информациите помеѓу Договорните страни, но исто така се предвидува и размена на искуства, соработка во градење на кадровските капацитети, потребните обуки, одредување приоритети како и други области од интерес.

Безбедноста на граѓаните и државата е еден од најважните приоритети, а соработката меѓу институциите ја зголемува ефикасноста и квалитетот на услугата кон нив. Остануваме посветени на праведна држава и безбедна иднина за нашите граѓани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More