16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Потона чамец со мигранти близу Тунис, 17 лица загинаа

Најчитани вести

Туниските власти соопштија дека 17 мигранти се удавиле и дека две лица се спасени денеска откако потонал чамецот со кој сакале да стигнат до Европа.

Морнарицата, во близина на градот Зарсис спаси две жени од Нигерија, кои рекоа дека гумениот чамец потонал со 19 лица во него, соопшти туниското Министерство за одбрана.

Според двете преживеани жени, мигрантите ја напуштиле Либија со брод во неделата, а моторот се расипал додека биле на море.

Зарзис е на околу 70 километри од границата со Либија.

Во изминатите неколку месеци имаше уште најмалку три бродоломи во близина на Тунис, при што загинаа мигранти кои се обидоа да стигнат до Европа, бегајќи од тешките услови за живот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести