Преполн траект потона кај индонезискиот остров Сулавези.
Загинаа 15 луѓе, а 19 се водат како исчезнати. Бродот пловел од Ланто кон Лагили, а несреќата се случила околу полноќ. Бродот бил предвиден за 20 патници, а превезувал 40. Ваквите несреќи се чести поради непочитување на безбедносните стандарди.
Во 2018 година, брод со околу 200 лица потона во езеро во Северна Суматра, при што загинаа 167 патници.