Фиорентина ја започна новата сезона со убедлива победа против повратникот во Серија А, екипата на Џенова и тоа на гостински терен, а навивачите на „виолетовите“ можеа да уживаат во изданието на своите миленици.
Покрај брзите погодоци со кои победникот беше решен рано, гостите целосно ги надиграа противниците од Џенова, а вирален стана потегот на Мајкл Кајоде.
Продуктот на младинската академија на Фиорентина дебитираше во Серија А со одлична оценка добиена од медиумите, а се чини долго ќе биде запаметен и од Филип Јагиело.
Полскиот интернационалец се обиде да го сопре Кајоде по еден негов пробив од десната страна, па влезе во таква вртелешка што и самиот не знаеше каде се наоѓа.