8.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Потврдено првото обвинение против Ивица Тодориќ, сопственикот на „Агрокор“

Најчитани вести

Обвинителскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб го потврди првото обвинение против некогашниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, пренесоа хрватските медиуми.

– Одлуката за тоа кога конкретната одлука ќе биде објавена ќе ја донесе претседателот на Обвинителскиот освет во договор со членовите на советот. Со оглед дека станува збор за сложена постапка, проценката е дека конечната одлука ќе се донесе на 17 декември – најави минатата недела портпаролот на Жупанискиот суд, Крешимир Девчиќ, вднаш по првата оддржана седница на Обвинителскиот совет во првата постапка против Ивица Тодориќ во аферата „Агрокор“.

Ивица Тодориќ уште од 2017 година се наоѓа под истрага за незаконско стекнување со повеќе од милијарда куни, пренесува Индекс.

Со истата истрага се опфатени и неговите синови Иван и Анте Тодориќ, како и 12 менаџери и ревизори на компанијата „Агрокор“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com