13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

ПОТВРДЕНО: Португалија ќе биде домаќин на третата трка од Ф1 шампионатот

Најчитани вести

Сопствениците на Формула 1, Либерти Медиа и Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) официјално потврдија дека третата трка од новата сезона во шампионатот ќе се вози на патеката „Портимао“ во Португалија.

Големата награда на Португалија ќе се одржи на 2 мај, со што се пополнува испразнетото место по откажувањето на ГН на Виетнам. Организаторите на азиската трка се откажаа од организација на настанот само неколку часа пред објавувањето на календарот за 2021 година, по што Либерти Медиа почна да бара замена.

„Возбудени сме што можеме да објавиме дека Формула 1 уште еднаш ќе се појави на Портимао, по огромниот успех на минатогодишната трка. Ние би сакале да се заблагодариме на спонзорот на натпреварот и на Владата на Португалија за нивната напорна работа и посветеност на нашиот проект“, изјавил извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести