25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Постојката Југодрво вон употреба, линијата 9 со изменета траса

Најчитани вести

Поради реконструкција на коловозот на булевар „Кочо Рацин“ и воведениот времен режим на сообраќај, автобуската постојка Југодрво е вон употреба.

Поради градежните зафати, автобуската линија 9 сообраќа по изменета траса во правец од Скопје Север кон Клинички центар, односно, автобусите после Бит пазар, вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Филип Втори Македонски“ (од кај МНТ), кај Градска болница лево по булевар „11 Октомври“ (Зелен пазар) и десно преку булевар „Кочо Рацин“ продолжуваат по вообичаената траса.Во правец од Клинички центар кон Скопје Север, возилата сообраќаат по својата редовна траса.

Посочените измени ќе важат се до обезбедување услови на терен за вообичаен режим на функционирање на јавниот превоз, соопшти ЈСП.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com