Home » Постојани полициски патроли во училиштата, јасни насоки за директорите – утврден план за постапување по добиена закана за бомба

Постојани полициски патроли во училиштата, јасни насоки за директорите – утврден план за постапување по добиена закана за бомба

by Журнал.мк

Министерството за внатреши работи и Бирото за јавна безбедност денеска во Владата на координативен состанок го презентираа новото упатство за постапките и мерките што ги презема МВР по добиена информација, сознание или дојава за терористички загрозувања и по основ на упатството разработен е план за мерки и активности за спроведување. Дополнително, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до директорите на сите училишта кои ќе имаат обврска да ги применуваат.

На состанокот на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски беше нагласено и дека МВР обезбедува и постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата.

Дополнително, како што соопшти владината прес-служба, мерките и активностите кои Министерството за образование и наука веќе ги презема за справување со хибридните закани се надополнуваат со безбедносно јакнење на училиштата со кои се гарантира сигурноста и безбедноста на учениците и наставниот кадар во самите училишта.

Комплементарно на упатството кое МВР го има разработено, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до сите директори на сите училишта, кои ќе имаат обврска да го применат со цел јакнење на безбедноста на учениците и наставниот кадар и непречено одвивање на наставниот процес. Мерките за јакнење на безбедноста на училиштата и наставниот процес ќе бидат детално образложени на директорите на училиштата во следните неколку денови, а благовремено ќе бидат известени и родителите како и јавноста, наведуваат од Владата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk