Maркус Рашфорд ќе потпише нов петгодишен договор со Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
Веќе подлог период Рашфорд е во преговори со клубот, а претходниот договор му истекуваше во 2024 година.
Рашфорд имаше примамливи финаниски понуди од други клубови, меѓутоа на крајот се одлучи да остане на „Олд Трафорд“.
Во минатата сезона Рашфорд беше најдобар стрелец на тимот со 30 голови во сите натпреварувања. Со новиот договор Рашфорд ќе стане најплатен фудбалер на Јунајтед, со неделна плата од околу 375.000 фунти неделна плата или 18 милиони фунти по сезона, надминувајќи ги Касемиро и Санчо, но и Де Хеа, кој си замина.
Кога е Премиер лигата во прашање тој ќе биде на четвртото место зад Кевин де Брујн, Мохамед Салах и Ерлинг Халанд.