Синдикалците и раководството на УЈП си подадоа рака, вработените во Управата за јавни приходи од наредниот месец на своите сметки ќе добиваат повисоки плати за 30 проценти. Потпишан е колективниот договор меѓу „Солидарност“ и УЈП, за што е добиено позитивно мислење од Министерството за финансии.
На договорот му претходеа протести на вработените во УЈП и закана за генерален штрајк, што се закануваше да го парализира стопанството. Но, на крајот со помош на помирувачот, Илија Манасиев, се стигна до решение, прифатливо и за двете страни.