14.8 C
Skopje
Tuesday, October 19, 2021

Постигнат договор за размена на затвореници меѓу Русија и Украина

Најчитани вести

Украина и Русија се согласија околу размената на затвореници. Размената ќе вклучи вкупно 277 лица притворени во конфликтот во источна Украина, објави висок украински официјален претставник, пренесе Ројтерс.

Роман Бесмртниј рече дека Киев го очекува размена на 208 лица кои отслужуваат затворска казна во Украина за 69 Украинци.

Тој ја претставува Украина во работната група за политички прашања на Трилатералната контакт група, тело кое тежнее кон дипломатско решение за конфликтот во источниот дел на Украина. Освен Киев и Москва, во групата седат и претставници на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Размената е договорена во белорускиот главен град Минск по трилатералните разговори.

Бесмртниј не го специфицираше датумот кога ќе се спроведе размената, но постапката може да трае неколку месеци.

Украинските сили се борат со проруските сепаратисти на источниот дел на земјата од 2014 година, а повеќе од 13.000 луѓе се убиени во судирите. И покрај примирјето и понатаму се случуваат конфликти.

Во минатата размена на затвореници, спроведена во декември 2017 година, Украина предаде околу триста луѓе во замена за 70.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com