3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Постигнат договор за брегзит

Најчитани вести

Договорот за брегзит конечно е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми.

Велика Британија и ЕУ се согласија околу новиот договор за брегзит, кој ќе биде пред европските лидери денес.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ја потврди веста на „Твитер“.

„Имаме нов договор што ја враќа контролата – сега парламентот треба да го изгласа за договорот за брегзит в сабота, за да можеме да преминеме на други приоритети како што се трошоците за живот, NHS, насилниот криминал и нашето опкружување“, напиша Џонсон.

Веста беше потврдена и од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„ Каде што има волја, има и договор – го имаме! Тоа е фер и избалансиран договор за ЕУ и Велика Британија и сведоштво за нашата заложба за изнаоѓање решение“, напиша тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com