Додека во Баерн се посигурни дека ќе го ангажираат капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, во Тотенхем веруваат дека овој фудбалер би можел да остане во Лондон.
Додека првиот човек на Баерн Ули Хенеси изјави дека верува оти Хари Кејн наскоро ќе биде во Минхен, во Лондон исто така се сигурни дека Кејн ќе остане со нив.
Менаџерот Анже Постеколгу претходните денови имал разговори со Кејн, Хари наводно добил понуда од 400.000 фунти неделно од Спарс, но се уште ништо не се знае за продолжување на соработката.
„Реалноста е дека имаме еден месец до почетокот на сезоната, можеби и малку помалку. Трансфер рокот ќе трае уште малку и ќе видиме како ќе се одрази. Има многу луѓе кои го познаваат Хари подобро од мене, но ништо нема да го изненади. Тој е тука и додека е тука е посветен на тоа што го работи“, изјави Поштекоглу.