Владата го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за набавка на 200 илјади единечни дози од Сарс-Ков-2 вакцина против Ковид-19.
Станува збор за нова набавка на дополнителни количества, покрај оние 833 илјади дози од Ковакс механизмот, за што Министерството веќе изврши уплата на авансот и обезбеди финансиска гаранција, со ова се исполнети обврските од склучениот договор.
Според најавите од Ковакс механизмот, првите вакцини од оваа набавка се очекува да бидат испорачани во првата половина на февруари.
Владата е во завршна фаза и со директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800 илјади дози за сукцесивна испорака во наредните месеци.