25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Постапката за снимката на Џафери треба да се води во Собранието, вели Ковачевски

Најчитани вести

Постапката поврзана со снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието, Талат Џафери треба да се одвива во законодавниот дом, кој е независен од извршната власт, а како ќе се однесуваат пратениците од СДСМ во врска со оваа постапка зависи од тоа како истата ќе се одвива и какви податоци, документи или докази ќе бидат понудени, вели премиерот Димитар Ковачевски.

„Мора да ја видиме и дисциплинската постапка и потоа да видиме пратениците како ќе се однесуваат согласно со податоците и согласно со документите коишто таму ќе бидат презентирани“, рече во Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на ПЗУ Никоб Медикал.

Според него, Собранието има соодветни комисии во кои се разгледува однесувањето на пратениците во Собранието во однос на усогласеноста со етичкиот кодекс на однесување.

„Колку што знам дел од пратениците веќе имаат иницијативи во таа насока и затоа јас би се повикал прво на следење на процедурата, следење на етичкиот кодекс на однесување и следење на процедурите во Собранието на Република Северна Македонија. Зошто? Затоа што да не заборавиме Собранието е посебна законодавна власт во државата, Владата е посебна – извршна власт и секако дека претседател на Влада не може да биде тој што ќе спроведува процедура во однос на она што го има како процедура во Собрание. Јас се надевам дека согласно со сите наводи и докази коишто ги споменавте ќе биде испочитувана процедурата и дека соодветно ќе бидат донесени понатамошни одлуки коишто се во надлежност на Собранието, меѓутоа и на други постапки“, рече Ковачевски.

Тој остана на ставот дека не сака да дава други коментари за снимката бидејќи само се слуша глас и не се знае кој со кого или на кого му зборува.

На новинарска забелешка дека во земјава има осудени лица врз основа на снимки на кои се слушаат гласови, Ковачевски кажа дека судот секогаш пресудува врз основа на материјални докази.

„И тие кои се осудени, тие за кои има случаи, сите случаи судот ги води врз основа на закони, врз основа на материјални докази, документи за кои се однесува соодветен процес и соодветна пресуда. Значи, пресуда не се носи врз основа на телефонски разговори, туку пресуда се носи врз основа на релевантни документи кои што се докажуваат во судска постапка“, изјави Ковачевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com