-2 C
Skopje
Friday, March 5, 2021

Поставена изложба „Панаѓурите во 19 и 20 век во Османлиска Македонија“

Најчитани вести

Во Музеј на македонската борба за самостојност од вчера е отворена изложбата „Панаѓурите во градските и руралните средини во XIX и XX век во Османлиска Македонија“ и посетителите ќе можат да ја видат до 1 март.  

„Врз основа на литературата, сите достапни извори и теренските истражувања, изложбата дава визуелен приказ на историските аспекти на панаѓурите во градските и руралните средини во 19 и 20 век, дефинирајќи ја временската рамка на нивниот постанок, развој и функционирање“, соопштија од Музејот. 

Автори на изложбата се Дарко Трпески и Владо Кузмановски, музејски водичи во НУ Музеј на македонската борба, а надворешни соработници се етнокореологот Тијана Јаневска и Ансамбл Македонија. Изложбата е отворена за посетители од 20 јануари до 1 март, секој ден освен понеделник, од 10 до 18 часот, почитувајќи ги протоколите и мерките за заштита од ковид.

Изложбата Панаѓурите во градските и руралните средини во XIX и XX век во Османлиска Македонија е поддржана во рамки на Годишната програма на Министерството за култура.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести