8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

После роденденската журка на Обама бројката на заразени на островот во пораст

Најчитани вести

Островот Martha’s Vineyard во САД ја забележува највисоката бројка на заболени од Ковид-19 по број на жител, а сето тоа благодарејќи на поранешниот американски претседател.

Болницата на островот е исполнета со нови случаеви на коронавирус, а виновник за тоа е Барак Обама, поранешниот претседател на Америка. Имено, после роденденската забава која ја приреди Барак за својот 60 роденден, овој остров го бележи највисокиот пораст на заболени по број на жител.

Како што пренесува локалниот магазин, три пациетни се наоѓаат во критична состојба, додека едно лице е префрлено во болница во Бостон. На островот постои само една болница и од почетокот на пандемијата во неа се лекувани дури два пациенти заболени од корона.

“Сега имаме полни раце работа”, рекла Дениз Скеписи, управничката на болницата.

Таа не сакала заразените да ги поврзе со големата забава која ја организираше Обама, па рекла дека ги следат контактите и ќе утврдат од каде започна да се шири вирусот. Претходните недели, здравствените работници донеле одлука заштитните маски да бидат задолжителни во затворени простории. Бројот на заразени на островот значително се намалил во месец мај благодарејќи на вакцинацијата.

Заразени во хотелот

Да се потсетиме, Барак Обама првично планирал голема забава со 475 гости, но поради предупредување од ширење на делта сојот одлучил да ја намали листата на поканети. И покрај тоа, на забавата која беше одржана на неговиот 12 милиони долари вреден имот се собрале околу 100-тина гости. Од забавата која беше организирана на 7 август до денес на овој остров се регистрирани вкупно 158 нови случаеви.

Ситуацијата да биде уште повеќе поволна за ширење на вирусот, забавата на Обама траела два дена. На забавата присуствувале Џеј Зи и Бијонсе, Џон Леџенд, Том Хенкс, Бредли Купер и многу други.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com