26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Последни тестирања за Golf пред светската премиера

Најчитани вести

Најпознатиот модел во понудата на Volkswagen e пред конечно претставување во јавноста. Најавено е дека есенва тоа ќе се случи, а веќе се вршат и последните тестирања. Од компанијата потврдија дека се е во завршна фаза, иако официјалните фотографии што излегуваат од VW покажуваат дека моделот се уште е со камуфлажа.

Новиот Golf се движи до стартната линија со што се одбележува осмата генерација. Дизајнот и дигиталните иновации го лансираат овој бестселер – кој е произведен во повеќе од 35 милиони примероци – во ново време: ерата на електрифицирани погони, дигитализиран и поврзан свет работи, помош при возењето и функции и услуги засновани на Интернет. Следната генерација на Golf ќе ја оформува ерата со нови импулси.

Иако се уште е камуфлиран, истата овозможува да се идентификува дека црно-белите линии маскираат возило со пет врати со моќни размери. И тоа не прави никаква тајна од фактот дека станува збор за Golf – затоа што неговата визуелна ДНК е непогрешлива.

Секој што ќе погледне поблизу, исто така ќе види дека ознаката „Golf“ е интегрирана во маскирна. Сепак, маскирнатостa не открива еден елемент: пофиниte детали за новиот дизајн.

Клаус Бишоф, шеф на Volkswagen Design, вели: „Во овој момент нема да ги откриеме сите детали за новиот Golf, но веќе можете да ги согледате неговите елегантни размери. Следната генерација ќе биде оригинална привлечност за очи!

Веќе почна одбројувањето на осмата генерација: новиот Golf ќе ја слави својата светска премиера оваа есен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести