8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Последниот не-електричен автомобил во Норвешка ќе се продаде во 2022 година

Најчитани вести

Голем број држави имаат поставено краен датум до којшто ќе се дозволува регистрирање возила што користат бензински или дизел мотор. Тоа го забрзува преоѓањето од обичен на електричен погон, затоа што на граѓаните им се укажува навремено, за соодветно да се раководат при купувањето автомобил. Електробилноста во Норвешка напредува подобро од плановите.

Од Автомобилското здружение на Норвешка предвидуваат дека електричните возила целосно ќе ги потиснат од пазарот возилата со погон со мотор со внатрешно согурување веќе во април 2022 година. За малку повеќе од седум месеци, секој автомобил што ќе се регистрира во скандинавската држава ќе користи чисто електричен или електрифициран, односно хибриден погон.

Здружението за своето предвидување се повикува на динамиката на продажбата на електрични автомобили во земјата во изминатите години. Додека автомобилите со бензински или дизел мотор учествувале со 25 проценти во вкупната продажба на нови автомобили во 2017 година, во првите осум месеци од годинава, нивниот удел е сведен на 4,93 односно 4,73 проценти соодветно.

Citroen Ami за една година привлече 6.500 купувачи во Франција
Најчитано
Citroen Ami за една година привлече 6.500 купувачи во Франција
peugeot 2008, peugeot e-2008
Peugeot e-2008 е дванаесетти најродаван модел во Норвешка во август, првиот автомобил што нема електрифициран погон се наоѓа дури на 38-то место
Едно се предвидувањата, друго е реалноста. Во Норвешка сепак ќе продолжат да се продаваат нови автомобили со класичен погон до „крајната“ 2025 година. Станува збор за мали сегменти, како на пример автомобили со погон на сите тркала со достапна цена, како што се на пример моделите на Suzuki. Патем, и јапонскиот мини-специјалист веќе со години вградува исклучиво благ хибриден погон во своите модели.

Чисто електричните автомобили во 2019 година покривале близу половина од продажбата на автомобили во Норвешка. Во следната година, нивниот удел надмина 50% од пазарот, додека во последните извештаи од норвешкиот пазар, електричните автомобили учествуваат со 70 проценти во вкупниот пазар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com