Собранието денеска треба да ја одржи 109-та седница, која, според собраниската агенда, е последно пленарно заседание пред летната пауза што ќе трае до 27 август.
На дневен ред, меѓу другото, се Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан, Предлог законот за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, во прво читање, како и Предлог законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите и Годишниот извештај за работата на ЈП Македонската радио телевизија за 2018 година.