Послаб земјотрес со јачина од 3,3 степени е забележан рано утрово на планината Атос на северот од Грција.
Сеизмолошката станица на Аристотелскиот универзитет во Солун соопшти дека земјотресот е регистриран на осум километри југоисточно од Јерисос, на длабочина од 10 километри, пренесе „АНА“.
Планината Атос со врв од 2.033 метри надморска височина е втора највисока планина во Грција.