Од 1-ви септември поскапуваат дел од поштенските услуги во меѓународниот сообраќај. Корекции има кај писмата, поштенските картички, печатените работи, малите пакети. За препорачани писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена, која ќе се додава на цената на основната услуга.
Агенцијата за пошти го објави новиот ценовник, каде може да се види колку ќе чини секоја услуга. Поштата на 30-ти јуни побарала повисоки цени, а Агенцијата одобрила. Образложението е дека некои од цените со години не се променети, а трошоците за обезбедување на услугите се зголемени.