15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

ПОСЕТАТА НА РУТЕ НЕ БЕШЕ СЛУЧАЈНА Тито Петковски говори за „холандската врска“

Најчитани вести

Поранешниот собраниски спикер Тито Петковски, го брани правото на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, да гласа според сопственото убедување во врска со вчерашниот обид на опозицијата да ја собори Владата.

Во интервјуто дадено за „Утрински брифинг“, Петковски нагласи дека клучен момент во неговото премислување, според него е посетата на холандскиот премиер Марк Руте на Македонија, кој пред два дена одржа состанок со премиерот Зоран Заев.

– Немам информација дали претходната вечер Кастриот Реџепи присуствувал на средбата со Заев, но пак ќе речам тоа е лично право. Ова е само дел од патот до освојување на демократијата – вели Петковски.

Петковски смета дека последните случувања во Македонија, го вклучле алармот во земјите од Европската Унија.

– Во овој момент алармот ја крена совеста на членките на ЕУ. Не случајно дојде холандкиот премиер Руте. Самото негово присуство покажа дека нешто позитивно се случува во ЕУ, но секако се и исплашени да не тргне работата на друга страна. Ако не добиеме датум на отпочнување преговори ќе има повторно разочарување, но ЕУ се мобилизира – коментира Петковски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com