14.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Посебна трибина за жени на стадионот во Техеран

Најчитани вести

Трибина на стадионот во Техеран со околу 4.600 места за седење, ќе биде резервирана само за жени, на мечот помеѓу Иран и Камбоџа, од квалификациите за СП 2022 во Катар.

Средбата во Техеран се игра на 10 октомври на стадионот Азади, а овие 4.600 седишта се пет проценти од вкупниот капацитет на стадионот. Со оваа одлука, Иранците позитивно одговорија на барањето на ФИФА, на жените да им се дозволи слободен влез на стадионите во таа земја. Забраната за влез на жени на стадион постои 40 години.

Според Министерот за спорт на Иран, на стадионот се направени потребните подготовки, како посебни влезови за жени, женски тоалети, а измонтирана е и дополнителна трибина на која ќе има само припаднички на понежниот пол.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com