Home » Порше ја враќа титулата крал на Нирбургринг. Погледнете го возењето за паметење

Порше ја враќа титулата крал на Нирбургринг. Погледнете го возењето за паметење

by Журнал.мк

Единствениот електричен автомобил на ПОРШЕ и одржа лекција на Тесла, но и на бројни спортисти.
Со круг од 7:33,35 минути, Porsche Taycan Turbo S зад себе го остави дури и Tesla Model S Plaid, најмоќниот Tesla автомобил кој стапнал на асфалтот на „зелениот пекол“.
Рекордно време во круг од 20,8 километри го извозе фабричкиот тест-возач на Porsche, Ларс Керн, оставајќи го Tesla зад себе цели две секунди, а послабата Turbo верзија за дури 9. секунди. Да потсетиме, болидот на Тесла во септември минатата година кругот го извозе за 7:35,58 мин.

За да се подобрат работите, Porsche тврди дека станува збор за сериски модел, на кој дополнително му бил вграден заштитен кафез. Исто така, Taycan добил нови гуми – Pirelli P Zero Corsa.
Porsche Taycan Turbo S има погон кој произведува дури 761 КС, што сепак е значително помалку од 1020 КС на Tesla во Plaid верзија. Очигледно е дека Porsche работел многу на шасијата на автомобилот, па така Taycan минувал низ свиоците со поголема брзина.
Титулата за најбрз електричен автомобил на оваа патека сè уште ја држи Volkswagen ID.R, а веројатно ќе ја држи и во годините што доаѓаат. Неговото време на круг во 2019. година е 6:05.34 часот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk