20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Поранешните бугарски претседатели Прванов и Плевнелиев со критики за Румен Радев

Најчитани вести

Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов упати критики до актуелниот шеф на државата Румен Радев дека речиси една година од почетокот на кризата со коронавирусот, тој не нашол време да свика Консултативен совет за таа тема.

– Нема ништо поважно од здравјето на луѓето, и во таква ситуација, владата, парламентот и претседателот мора да комуницираат, без оглед на разликите. На крајот, претседателот мора да биде обединувач на нацијата, изјави Георги Прванов за БНТ, јави дописникот на МИА од Софија. Ова е тема за која се дебатираше пред неколку месеци. Тој предвидува дека по парламентарните избори на 4 април ќе има многу комплицирана ситуација во врска со формирањето на следната влада на Бугарија.

– Откако ќе излезат резултатите, ќе започнат преговори за тоа како ќе изгледа идниот парламент, без нив нема да има начин. Партиите што сега се појавуваат како парламентарни формации се толку контрадикторни и различни, што не гледам како тоа ќе се случи. Ќе бидат потребни тешки преговори, можеби не лесни компромиси, се надевам во име на националниот приоритет и интереси. Во оваа ситуација, претседателот мора да биде медијатор. Отсекогаш сум велел дека претседателот има своја висока улога како социјален медијатор, како политички медијатор додаде Прванов.

Тој потсети дека работел со три последователни влади – „Можам да кажам совршено со Симеон Саксобурготски, со подеми и падови со Тројната коалиција и контрадикторни – со позитивни позиции и со тешка конфронтација во времето на Бојко Борисов. – Претседателот мора да биде подготвен за споделена одговорност при донесувањето клучни одлуки за нацијата. Коалициите се на дневен ред тогаш кога ќе има резултати, вели Прванов.

Румен Радев беше остро критикуван и од неговиот претходник Росен Плевнелиев (2012-2017), кој во изјава за Нова њуз го опиша како популистички генерал- русофил, кој води битки со владата на Бојко Борисов.

– Радев се бори само против владата, служејќи и на сопствената партија, која е во опозиција. Претседателот не се мери со рејтинг, туку со напредок и успех во општеството. Радев не ни помага на патот кон европскиот и демократскиот развој на Бугарија, оцени Плевнелиев.

Според него, Румен Радев е свесен дека не може да има втор мандат без поддршка од БСП и ДПС и сфаќа дека неговата судбина ќе биде решена на парламентарните избори, а не на претседателските. –  Никој не е изненаден што Радев ќе се кандидира за втор мандат, но тој тоа го најави на недемократски начин, смета Плевнелиев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести