5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс: „Отидов на свадбата да видам дали навистина го сака тоа“

Најчитани вести

Џејсон Александар се изјасни за невин по сите обвиненија против него, откако упадна во куќата на Бритни Спирс на денот на нејзината венчавка.

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александар, упаднал во нејзиниот имот пред нејзината венчавка со Сем Асгари, а на обезбедувањето му кажал дека пејачката му се јавила.

Целиот упад Џејсон го снимил на Инстаграм, а додека ја барал пејачката успеал да стигне до нејзината спална соба каде таа се подготвувала и која, за среќа, била заклучена.

Окружниот судија во Вентура на двочасовното прелиминарно сослушување, одлучил дека има доволно докази против Џејсон Александар за да се изведат обвиненијата против него на суд, според Асошиетед прес.

Покрај кривичното дело- следење, 40-годишниот Александар се товари и за влез и одбивање да напушти приватен имот, вандализам и злоупотреба.

Чуварот, кој ќе се појави како сведок, откри што се случило.

„Имаше нож со себе и стигна до нејзината спална соба“, рече тој.

Александар се изјасни за невин за вандализам или упад на имот, додека друг сведок, рекол дека „Александар се однесувал морничаво по апсењето“.

Адвокатот на Џејсон,  тврди дека нејзиниот клиент не сакал да ја повреди Бритни и му кажала на судијата дека „неговата намера била да разговара со Бритни, да провери дали е добро, да се увери дека тоа е она што таа навистина го сака, а не да ја исплаши“.

Да потсетиме, Александар е пријател од детството на Бритни, со која се омажи во 2004 година, но и се разведе само два дена подоцна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com