4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Поранешниот советник на Трамп покрена нова социјална мрежа

Најчитани вести

Џејсон Милер, поранешен висок советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ја стартувал социјалната платформа GETTR, која наликува на социјалната мрежа Твитер, од која Трамп беше доживотно протеран.

GETTR се рекламира на Google и App Store како „непристрасна социјална мрежа за луѓе ширум светот“, објави „Политико“.

Ројтерс пишува дека Милер со месеци укажувал на плановите на тимот на Трамп да започне нова социјална платформа, откако поранешниот претседател беше блокиран на многу места на Интернет, особено по бунтот во кој неговите приврзаници го нападнаа Капитол.

Сепак, Трамп нема официјална сметка на GETTR.

Милер за „Фокс њуз“ изјавил дека се надева дека Трамп ќе се приклучи на платформата, но и дека поранешниот претседател разгледува низа опции. Тој исто така рече дека Трамп не ја финансира платформата.

Поранешниот претседател на САД има трајно забранет пристап до Твитер, суспендиран е на Фејсбук најмалку до 2023 година и на Јутјуб се додека не се утврди дека ризикот од поттикнување насилство е намален.

Трамп, кој неодамна затвори краткотраен блог на својата веб-страница, се приклучил на видео-платформата Рамбл минатиот викенд, пред неговиот митинг во Охајо.

Портпаролката на Трамп во овој момент не одговорила на барањето на Ројтерс за коментар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com