8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Поранешниот партнер на старлетата го изгубил разумот поради веридбата: Скот полудел по запросувањето на Кортни

Најчитани вести

Поранешното момче на Кортни Кардашијан (42) и татко на нејзините три деца, Скот Дисик (38), наводно е ‘луд’ поради нејзината веридба со музичарот Травис Баркер (45).

„Скот полуде. Многу му е лошо и само е прашање на време кога ќе му стане полошо“, открил извор за „Page Six“.

Имено, во минатото неколкупати се зборуваше дека Кортни одлучила со Скот да застане пред олтар. Сепак, до тоа никогаш не дојде, а ријалити ѕвездата секогаш остро ги негираше таквите вести.

Ова ѝ е прва веридба на Кардашијанката. Травис ја запросил во Монтесито во Калифорнија, пред хотел на плажа, опкружен со ружи и свеќи и така ја изненадил Кортни, која со години во ријалити шоуто зборуваше дека никогаш нема да се венча.

Да потсетиме, познатиот пар веќе со месеци го привлекува вниманието објавувајќи страствени фотографии. Не се срамат пред јавноста да ја покажат својата љубов, иако некои обожаватели сметаат дека има работи кои би требало да останат приватни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com