20.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Поранешниот заменик-министер за здравство Арменд Арслани е нов директор на струшката болница

Најчитани вести

Нов директор на Општата болница Струга е Арменд Арслани, поранешен заменик-министер за здравство.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес извести дека Арслани е назначен на местото на Мухамед Асани, кој беше разрешен откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека, дома, имал дива амбуланта во која прегледувал пациенти. Згора, актуелен е случајот на родилката од Дебар која се пожали дека по породување со царски рез, дома заминала без бубрег, јајчник и матка, а Асани целата бременост и ја водел во дивата амбуланта.

Арслани, како кадар на ДУИ, беше заменик-министер за здравство од 2019 година до лани, кога по изборите на оваа функција дојде Илир Хасани. Тој веќе има работно искуство во болницата во Струга, како доктор по општа медицина. Арслани е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести