Почина познатиот доктор и поранешен директор на Клиничката болница Штип, Александар Стојановски.
Поранешниот директор на Клиничката болница-Штип починал во Грција за време на својот годишен одмор.
Според неофицијални информации кои кружат во градот, тој доживеал масивен срцев удар на плажа. Д-р Александар Стојанов функцијата директор на клиничката болница штип ја извршуваше до 2017 година, а во последниов период се посвети на специјализацијата, односно специјализираше гинекологија.