31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, Кристина ја претставува Македонија на изборот „Мис Глоуб“

Најчитани вести

Вечерва во црногорскиот град Улцин, по 47 пат по ред ќе се одржи финалето за изборот на „Мис Глоуб“ за 2019 година.

Нашата држава ја претставува дваесетитригодишната Кристина Димитријевска од Тетово, членка на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој голем интернационален избор за убавина.

Таа веќе три недели е во Црна Гора, каде заедно со уште 50 девојки од исто толку држави од целиот свет се подготвува за вечерашното финале.

– Да и посакаме среќа вечерва од 20:15 часот, а директен пренос ќе може да гледате на МРТ 2. Нашата држава има уште еден претставник на вечерашниот спектакл, пејачот Даниел Дан ќе има свој настап во уметничката програма – ни изјави Мики Црнокрак, шефот на македонската делегација во Улцин, Црна Гора./slobodenpecat.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести