Home » Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Меденица, се обидела да си го пресече вратот

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Меденица, се обидела да си го пресече вратот

by Журнал.мк

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, приведена поради сомнение за создавање криминална организација и противзаконско влијание, се обидела да се самоубие во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), јавуваат подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Според порталот РТЦГ, Меденица моментално е во стабилна состојба.

Црногорскиот јавен сервис додава дека, според информациите со кои располага, Меденица наводно сама се обидела да си го пресече вратот, што било спречено со интервенција на болничкиот персонал и полицајците.

Екс-претседателката на црногорскиот Врховен суд беше уапсена поради злоупотреба на службената должност откако беа објавени записи на нејзиниот син во кои се вели дека ќе ги заштити неговите незаконски зделки со кокаин и шверцувани цигари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More