25.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Поранешен британски разузнавач најден мртов во Турција, ги обучувал сириските „Бели шлемови“

Најчитани вести

Поранешниот член на британската разузнавачка агенција МИ6, кој бил одликуван од самата кралица поради неговата работа со групата за цивилна заштита „Бели шлемови“, денес бил пронајден мртов во близина на неговата канцеларија во Истанбул.

Локалните власти го нашле телото на Џејмс ле Мезурие во раните утрински часови, јавува Би-би-си.

Ле Мезурие ја формирал групата наречена Мејдеј рескју која помогнала во обуката на доброволците на „Белите шлемови’.

Засега не е позната причината за неговата смрт.

Според информациите од организацијата „Бели шлемови“, телото на Ле Мезурие било најдено во околу 4:30 часот по локално време на улицата пред зградата каде што се наоѓаат канцелариите на Мејдеј рескју.

Сириската влада и нејзините сојузници Русија и Иран ги обвинуваат „белите шлемови“ дека отворено им помагаат на терористичките организации. Руското министерство за надворешни работи минатата недела за Ле Мезурие кажа дека станува збор за поранешен агент на МИ6, британската контраразузнавачка служба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести