Најавите дека Ромелу Лукаку е договорен со Јувентус и дека во следната сезона ќе го носи дресот на најтрофејниот италијански клуб не се примаат со задоволство меѓу радикалните навивачи на Старата дама од Торино.
„Лукаку остани во Милано, веќе имаме втор голман“, порачаа од групата Курва Суд, а насловот на оваа објава на „Инстаграм“ беше: Никогаш нема да бидеш добредојден тука.
Лукаку ја загуби и љубовта од навивачите на Интер, кои не можат да му простат што се согласил да се пресели кај нивниот најлут ривал.