36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Поради љубовта ја победил зависноста, а потоа… Легендарниот музичар признал дека по вторпат му бил дијагностициран канцер

Најчитани вести

Во новото интервју музичарот признал дека по вторпат се бори со опасната болест.

73-годишниот Рони Вуд, гитаристот од славниот бенд „The Rolling Stones“, признал дека во текот на карантинот во Велика Британија повторно водел битка со канцерот.

„Имав канцер на белите дробови во 2017 година, а неодамна ми се појавија помали клетки на канцер со кои што се борев во текот на карантинот“, раскажал музичарот за „The Sun“.

Сепак, Вуд изјавил дека повторно се изборил со болеста:

„Во текот на закрепнувањето се препуштив на самиот себе и заборавив на сите други проблеми. Бев подготвен да го прифатам тоа што не можам да го сменам. Единствено што ми остана беше тоа да бидам позитивен и да се борам, а останатото го оставам на Бог“, изјавил музичарот.

Кога направил операција поради канцерот со која што му извадиле дел од белите дробови, изјавил дека ја победил и зависноста од наркотици и алкохол.

На помирен живот Рони го навела и три децении помладата сопруга Сали Хамфриз со која што е во брак од 2012 година и имаат четиригодишни близнаци, Грејси Џејн и Алис Роуз.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести