Home » Поради тешката болест на сопругата се повлече од јавноста: Погледнете како изгледа денес легендарниот Чак Норис

Поради тешката болест на сопругата се повлече од јавноста: Погледнете како изгледа денес легендарниот Чак Норис

by Журнал.мк

Чак Норис (82), не ни помислувал да стане актер, а уште помалку дека ќе биде легенда и еден од најпопуларните во целиот свет.

Меѓутоа, љубовта кон боречките вештини го одвела на тој неочекуван пат.

Во текот на 50-те и 60-те години тој служел воен рок, почнал да ги проучува боречките вештини. По отслужувањето на воениот рок, не само што станал карате првак, туку отворил и многу карате студија во кои работел како тренер со бројни славни личности.

Токму тие врски со славните личности го инспирирале да се обиде со актерството.

Пријателството со легендарниот Брус Ли резултирало со појавување во филмот „Enter the Dragon“.

По првиот филм, следеле нови улоги и патот кон славата полека му се отворил. Во текот на 70-те години и 80-те години станал еден од најголемите акциски ѕвезди на големото платно, но улогата која му го одбележа животот следела 20-на години подоцна.

Станува збор за Вокер, тексашкиот ренџер, а истоимената серија се емитувала осум години и го претворила во култна појава.

Чак Норис речиси никој повеќе не го гледа во јавноста
Од неговата последна филмска улога поминаа речиси 10 години, а за отсуството од филмското платно има добра причина.

Имено, во 2017 година, неговата сопруга Гена заболела од мистериозна болест за која се докажало дека всушност е ревматоиден артритис. Поради грешка на докторите се искомплицирале повеќе работи.

Гена почнала да чувствува болки во зглобовите, слабост, болки во ребрата и треперење на цело тело. Изгубила 15 килограми и морала да се храни со детска храна поради тоа што тешко голтала.

Таа закрепнала во некоја клиника во Невада, но нејзиниот сопруг сепак го напуштил Холивуд за да се грижи за неа. Против докторите поднеле и тужба, но сепак се откажале од судењето во 2020 година.

Чак Норис многу се променил, па повеќе не наликува на ној мускулест херој каков што го паметиме. Со оглед на тоа што го прославил својот 82-ри роденден, тоа е разбирливо.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk