3.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Поради протест, затворени неколку улици во Скопје

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи известува дека на подрачјето на Скопје, денеска во временскиот период од 18.45 часот до 20.30 часот, поради протестен марш, ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.

Почетокот на протестот е најавен од 18.45 часот пред Министерство за надворешни работи, на улицата Филип Втори Македонски, па по улиците 11 Октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, потоа по булеварот ВМРО и булеварот Илинден (пред Владата на Република Северна Македонија) до завршување на протестот, најавено за 20.30 часот.

Од тие причини Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Протестниот марш е во организација на АМАНЕТ 1903 – Скопје под мотото „Заев – ти си предавник“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести