16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

ПОРАДИ ПОДДРШКА НА РУСИЈА Чешки филмски фестивал му ја одзема наградата на Емир Кустурица

Најчитани вести

Меѓународниот филмски фестивал Фебифест одлучи да му ја одземе наградата „Кристијан“ на режисерот Емир Кустурица, бидејќи воочи нападот на Русија на Украина ја прифатил понудата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да стане директор на Централниот академски театар на руската армија во Москва, рекол за чешката новинска агенција директорот на фестивалот Камил Спачил.

Кустурица, во меѓувреме, за „Спутник“ демантираше дека тој ќе биде директор на театарот, наведувајќи дека таквото толкување најверојатно доаѓа од сличноста на меѓународниот збор „режисер“ и „директор“.

Тој истакна дека би можел да гостува во Театарот на руската армија како режисер „кога ќе поминат овие турбулентни времиња“.

Иницијативата за одземање на наградата на Кустурица, кој режија завршил во Прага, потекна од основачот и почесен претседател на меѓународниот фестивал Фебиофест, Феро Фенич.

„Ја поздравуваме иницијативата на нашиот почесен претседател и ќе започнеме со акции за повлекување на наградата „Кристијан“ на Емир Кустурица“, рекол Спачил, пренесува порталот „Чешки весници“.

Кустурица ја доби наградата во 2017 година за неговиот придонес во светската кинематографија.

Фенич рече дека и тогаш бил против Кустурица да ја добие наградата поради неговата „тенденција да им се восхитува и да ги поддржува тоталитарните лидери“, што значи дека „и покрај талентот на режисерот, тој не ги исполнува етичките, моралните и демократските вредности и критериуми за да биде доделена“.

Тој ги повика и другите чешки фестивали кои го наградија Кустурица во минатото да му ги одземат наградите.

Во 2019 година Кустурица го доби Орденот за заслуги од претседателот на Чешката Република Милош Земан, а претходно беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Предлогот на Фениќ го прифати актуелниот директор на фестивалот Камил Спацил, а чешката агенција ЧТК јавува дека наградата наскоро ќе му биде одземена на Кустурица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com