-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Поради ова сите го засакаа Трамповиот ѕид на границите: Наместо да разделува, оградата станала игралиште кое ги соединува соседите на двете земји

Најчитани вести

Популарниот Трампов ѕид на границите на Мексико конечно ја пронајде и својата забавна страна така што станал игралиште и за стари и за млади.

Проектантите Роналд Раел и Вирџинија Сан Фратело подолго време работат на проекти кои ги бришат границите помеѓу уметноста и архитектурата, а особено на оние кои се однесуват на вистински државни граници.

Еден од нивните проекти кои го осмислиле уште од 2009-та година, сега е реализиран во време на најголемите тензии околу ѕидот на границите. Метални лулашки, во впечатлива розова боја, на конструкцијата на границата изградени се и огради така што на линијата за раздвојување настанало вистинско игралиште.

На овој начин, симболот на раздвојување на луѓето е претворен во забава која е невозможна без спојување, односно учество на двете страни.

Тоа ги симболизира не само добрите соседски односи туку лулашките предизвикале и бран на смеа и среќа кај жителите на Ново Мексико од една страна и колонијата Анапра од другата страна на границата.

Како што се гледа на видео снимките на ова место подеднакво уживаат и старите и младите./tocka.com.mk

Ronald Rael’ and Virginia San Fratello's teeter-totter at the Sunland Park/Anapra fence in collaboration with Colectivo Chopeke Sunday 7/28/19. It’s a balancing act here on the border but we’re still having fun!

Posted by Kerry Doyle on Sunday, July 28, 2019

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести