-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Поради неисплатени плати, го полеал со бензин газдата и му го запалил џипот

Најчитани вести

Скопје, 4 септември- Поранешен вработен вчера на булевар „Србија“, во скопската населба Кисела Вода, на својот поранешен газда му го запалил џипот, а потоа со бензин го полеал и газдата.

Џипот бил паркиран на паркингот на фирмата, па вработените веднаш притрчале и го изгаснале. Сопственикот на фирмата останал полеан со бензин, а поранешниот вработен не посегнал да го запали својот поранешен газда.

„На 3.9.2019 во 13.43 часот во СВР Скопје, И.И. (51) од Скопје, сопственик на фирма на булеварот „Србија“, пријавил дека поранешен вработен во фирмата, Љ.С. (56) од Скопје, со бензин го полеал неговото патничко возило „бмв икс 6“, кое било паркирано на паркингот на фирмата и го запалил. Причина за тоа, според пријавеното, се неколку неисплатени плати кон Љ.С.. Огнот го изгаснале вработените, а Љ.С. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Поранешниот вработен, воопшто не се обидел да побегне, туку мирно чекал да дојде полиција.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести