9 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

Поради лоша форма: Куртоа нема да брани за Реал против Гранада

Најчитани вести

Тибо Куртоа не тренира со тимот на Реал Мадрид и голема е веројатноста дека голот на „кралскиот“ клуб на мечот со Гранада в сабота ќе биде Алфонс Ареола. Белгиецот, кој е во немилост на навивачите поради лошата форма, беше повлечен од игра на полувремето на средбата со Бриж од Лигата на шампионите, поради здравствени проблеми поврзани со стомакот.

Ако се потврди дека Белгиецот нема да биде во составот за дуелот против Гранада, тогаш замен на Ареола ќе му биде Диего Алтубе, а наредниот настап на Куртоа на „Сантијаго Бернабеу“ може да биде најрано на 30 октомври кога Реал ќе го пречека Леганес. После мечот со Гранада, има пауза во првенствата поради квалификациите за ЕП, а Реал ќе им гостува на Мајорка, Барселона и Галатасарај.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести