Home » Поради дечкото мислела дека е дебела, потоа за малку ќе го загубела животот

Поради дечкото мислела дека е дебела, потоа за малку ќе го загубела животот

by Lina Muslija

– Анорексијата е болест која го уништува квалитетот на вашиот живот и ви го краде идентитетот. Почнав со мојата диета поради Тикток и тоа за малку ќе ме убиеше, вели Џес, студентка од Лестершир.

Џес почнала да држи диета на почетокот на 2020 година откако раскинала со долгогодишното момче. Таа сакала да му докаже дека е најубава и мислела дека ако ослабе, ќе стане попривлечна.

-Бев под големо влијание на жените што ги гледав на социјалните мрежи, кои беа послаби од мене. Мислев дека слабеењето ќе ме направи попривлечна и сакав да му се одмаздам ​​на моето поранешно момче. Отпрвин само ги намалував калориите, но тоа се претвори во зависност. Имајќи предвид дека тоа беше периодот на пандемијата, немав на што друго да се фокусирам, па се опседнав со тоа што го јадам – ​​додава Џес.

Нејзината болест брзо напредувала

– Оваа болест толку многу ме промени што буквално го слушав внатрешниот глас кој ми велеше дека не смеам да јадам пред 12 часот, дека сум дебела и грда и дека не заслужувам храна. Се убедив себеси дека морам да правам 20.000 чекори дневно и станував сè послаба и послаба, и не можев да запрам. Луѓето ми велеа да јадам, но не можев – изјавила Џес.

Повик за будење

Родителите на Џеси, Ендру (59) и Дебора (59) и нејзината сестра близначка Луси биле многу загрижени.

Сакаа да ми помогнат, но јас ја одбивав нивната помош, не сакав да се здебелам – изјавила Џес.

Меѓутоа, ноември 2022 година бил пресуден. Џес морала да оди на лекар со поддршка од нејзиното семејство и завршила во болница на одделение за нарушувања во исхраната.

– Бев толку слаба што не смеев да се истуширам, бидејќи силата на водата можеше да ми предизвика срцев удар. Менструацијата изостануваше, ми пукнаа ноктите… За среќа и благодарение на моето семејство избегнав сигурна смрт – изјавила Џес.

Светло на крајот од тунелот

Џес, 18 месеци примала редовна амбулантска терапија и сè уште добива поддршка. Речиси ја вратила тежината пред анорексијата и продолжила со студиите.

– Зборувам за ова затоа што сакам да ги предупредам другите млади жени и мажи дека ништо не вреди за да си го ризикуваат животот. Анорексијата ќе ви ја украде среќата, независноста и идентитетот. Кога ги гледам фотографиите и тоа во каква состојба сум била, тоа ме растажува – изјавила Џес.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More