9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Поп-ѕвездите со концерти низ цел свет повикаа на масовна вакцинација и намалување на гладот

Најчитани вести

Шеесет илјади фанови синоќа присуствуваа на концертот „Граѓанин на светот“, што се одржа на неколку локации: во Њујорк, Лондон, Париз, Рио де Жанерио… На концертот, чија цел е да се поттикне вакцинирањето  против Ковид-19 и да се намали гладта, настапија Колдплеј, Били Ајлиш, Џенифер Лопез, Синди Лопер, Лизо, Ед Ширан, Елтон Џон, Доџа Кет, Феми Кути, „Дјуран Дјуран“, Кајли Миног, Рики Мартин и други.

Во Њујорк пред публиката говор одржаа принцот Хари и Меган Маркл, а глумицата Пријанка Чопра беше домаќин на настанот во Лондон.

Организаторите велат дека целта е да се покрене глобалната свест за климатските промени, гладот ​​и правото на сите земји да имаат еднаков пристап до вакцините, но и да се поттикнат граѓаните да се вакцинираат масовно.

„На шест континенти, уметниците ќе им помогнат на граѓаните да бараат од владите, големите корпорации и филантропите да работат заедно за да ја заштитат планетата и да ја победат сиромаштијата“, велат од невладината организација „Граѓанин на светот“.

Водачот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејсус ја поддржа најновата кампања која повикува и на еднаквост во пристапот до вакцини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com