9.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Популарноста на Huawei му штети на Qualcomm

Најчитани вести

Кинескиот производител продолжува да го шири својот удел на пазарот на смартфони и покрај проблемите со санкциите од страна на САД. Втората половина од годината се очекува да биде уште подобра за Huawei, кој уште еднаш ќе се обиде да достигне рекорден број на продажба.

Клучен фактор во популарноста на нивните смартфони е кинескиот пазар, каде компанијата има многу силни позиции. Влијанието на Huawei во земјата дури го погоди и Qualcomm, пишува Digital.bg

Излегува дека доминацијата на Huawei на кинескиот пазар им овозможува да го прошират својот удел на штета на ривалските брендови како Xiaomi, Oppo и Vivo. Овие компании се основни партнери на Qualcomm и ги користат процесорите од серијата Snapdragon.

Самиот факт дека тие продаваат помалку смартфони значи и нарачка на помалку чипови и има негативен ефект врз Qualcomm, пренесува GizmoChina. Ова е причината за помалите приходи на Qualcomm оваа година.извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com