20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Пополнета квотата за вакцинирање на македонските новинари во Србија

Најчитани вести

Македонската асоцијација на новинари МАН ги известува сите медиумски работници дека е пополнета квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот Ковид-19 со вакцината „Астра Зенека“ која е закажана за во вторник во Врање, Република Србија.

Сто медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот и сите пријавени добија потврда дека се регистрирани за вакцинација.

На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на претседателот на Србија Александар Вучиќ, одобрена е вакцинација и ревакцинација за 100 лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести